• четврток, 30 јануари 2025

Собраниската седница за пратенички прашања ќе продолжи по еден час пауза

Собраниската седница за пратенички прашања ќе продолжи по еден час пауза

Скопје, 30 јануари 2025 (МИА) - Собраниската седница на која на дневен ред се пратенички прашања ќе продолжи по паузата од еден час, која ја даде претседателот Африм Гаши на барање на пратеникот на ДУИ Блерим Беџети, кој побара да се достави оригинален примерок на Деловникот до пратениците.

-Со вашата работа после неколку месеци, мислам дека е ред на пратениците да им биде доделен оригинал Деловник и да нема различни толкувања. Од почетокот на овој мандат се работи со препис. Ова е срамота и за државата и за сите ние што сме присутни и има различни толкувања на Деловникот. Барам да се подели ургентно усвоениот Деловник, а не препис, рече Беџети во процедуралната забелешка.

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, реплицирајќи му на Беџети, од собраниска говорница покажа дека има три деловника. 

-За разлика од вас Беџети јас имам три деловника, еден што ни доставија од претходниот мандат кога на власт бевте заедно со СДСМ, втор, јас го копирав за да биде попрактичен за работа за мои потреби и трет даунлодиран на телефонот за да можеме да работиме и кога не сме во Собранието. Поентата сакаме ли да го почитуваме тој Деловник што беше донесен со скоро максимално единство, или не сакаме да го почитуваме. Се фаќате за технички работи, дали било оргинал или не, ајде да го почитуваме и да работиме по него, кажа Мицевски.

Гаши истаикна дека овој пратенички состав го има испечатено Деловникот и таков го распределиле до пратениците, и оти тој е издаден од минатиот состав.

Оливер Спасовски од СДСМ, пак, во процедурална забелешка реагираше на основа на членот 40 став 2 од деловникот, за претседателот Гаши да обезбеди присуство на седница на министри. 

-Ако во Деловникот стои дека на седницата присуствуваат претседателот и членовите на Владата , а ние имаме претседател и само неколку министри присутни на седницата, мислам дека треба да се обезбеди присуство на сите министри, се со цел да може да се поставуваат прашањата, рече Спасовски. нд/ац/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан