• среда, 06 ноември 2024

Собранието ја почна постапката за нов јавен обвинител

Собранието ја почна постапката за нов јавен обвинител

Скопје, 27 ноември 2023 (МИА) - Пратениците во Собранието денеска во рамки на 131. седница ја почнаа постапката за именување на нов јавен обвинител, а пратениците едногласно го изгласаа и предлогот Марија Јаническа да биде нов директор на Оперативно техничката агенција (ОТА).

Собранието денеска имаше закажано продолженија на 11 седници, а три ќе продолжат по паузата во 15 часот. 

Во претпладневниот дел беа изгласани неколку предлог закони за изменување и дополнување, како и извештаи за работата на неколку институции.

Пратениците едногласно ги донесоа измените на Законот за прекршоците, потоа законите за железнички системи, за дополнување на јавни патишта и законот за дополнување на законот за минерални суровини.

Беа прифатени и извештаи на неколку институции: Народниот правобранител, Комсијата за хартии од вредност, Агенцијата за цивилно воздухоплоство.

Македонските пратеници донесоа одлука и именување на претседател и членови за Комисијата за државната награда „Свети Климент Охридски“. Воедно беа повлечени и неколку предлог Закони. вдј/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан