• сабота, 20 декември 2025

Собранието на едночасовна пауза

Собранието на едночасовна пауза

Скопје, 18 јуни 2025 (МИА) - Во Собранието, пред утврдување на дневниот ред на 56. седница, е објавена едночасовна пауза, на барање на пратеникот од Левица Сашко Јанчев. Како и во претходните денови пред почетокот на пленарните седници Јанчев побара едночасовна пауза бидејќи, како што рече, генералниот секретар на Собранието се уште не одговорил на барањето на пратеничката Јована Мојсоска од Левица за добивање информација за висината на патните трошоци и станарината што им е платена на некои пратеници.

Пратениците, спорд предложениот дневен ред на 56. седница, треба да расправаат за Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за 2025 година, што претходно денеска доби поддршка од матичната собраниска комисија. 

Со неа се предлага да се обезбедат 2.000.000. денари за изработка на идејно решение и почнување активности за изградба на спомен обележје за починатите во пожарот во Кочани, околу 600 милиони денари за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, како и 242,3 милиони денари за исплата кон заштитни друштва по основ на поврат на платени придонеси. лв/са/

фото:МИА архива 

 

 

Остани поврзан