• петок, 22 ноември 2024

Службата за трансфузиона медицина Куманово располага со доволен број крвни единици

Службата за трансфузиона медицина Куманово располага со доволен број крвни единици

Куманово, 13 ноември 2023 (МИА) - Службата за трансфузиона медицина располага со доволен број крвни единици, соопштија денеска надлежните од кумановската служба. Посочуваат дека задоволува бројот на крводарители од поширокиот кумановски регион.

- Ги покриваме сите потреби за крвни единици во Куманово и државата, изјави доктор Дритон Биљали, од службата за трансфузиологија Куманово.

Во последните три години, 2020, 2022, 2022 година и сега бројката на крводарители кои даруваат крв два пати во текот на неделава на годишно ниво изнесува околу 1.200.

- Тука ги сметаме само крводарителите кои доаѓаат во одделението, не вклучувајќи ги собраните крвни единици по школи, фабрики, полиција, АРМ, здруженија на граѓани на акции кои ги организира Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст. Кај нас во службата крв се дарува секој понеделник и четврток, собраните крвни единици се носат во Институтот во Скопје, изјави Биљали.

Крвта се испитува за одредени заразни болести, ако дарителот е негативен се произведуваат други компоненти на крв, по што се дистрибуира.

- Последен благ недостиг имаше за време на пандемијата, поради неможноста да се организираат акции, школите беа затворени, но и тој проблем бргу се надмина. Но, и тогаш мора да потенцирам, немаше проблеми, сите потреби беа задоволени, вели Биљали.

Куманово има редовни крводарители.

- Сепак просечната возраст на крводарителите е сè поголема. Мислам дека тоа се должи на глобалниот проблем миграцијата на младите. Се обидуваме на секој можен начин да ги таргетираме младите да даруваат крв, ги покануваме целосно да им ја објасниме постапката, изјави Биљали.

Зимските месеци зголемена е побарувачката за крв поради операциите, додека во летните месеци пак има почести сообраќајки, така што потребата за крв е секогаш константата, заклучуваат стручните. ам/цр


Фото: МИА

Остани поврзан