Словенецот Винчиќ ќе го суди турското дерби Галатасарај – Фенербахче
- Словенечкиот арбитер Славко Винчиќ ќе биде главен судија на претстојниот дерби натпревар од турската лига меѓу Галатасарај и Фенербахче.

Истанбул, 20 февруари 2025 (МИА) – Словенечкиот арбитер Славко Винчиќ ќе биде главен судија на претстојниот дерби натпревар од турската лига меѓу Галатасарај и Фенербахче.
Помошници на Винчиќ ќе бидат Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ, додека четврти судија на натпреварот ќе биде Кадир Саглам, објави денеска Би-би-си.
Галатасарај в понеделник од 18 часот ќе го пречека градскиот ривал Фенербахче во Истанбул, во рамките на 25. коло од турската лига.
Претседателот на турската фудбалска федерација Ибрахим Хачиосманоглу во средата изјави дека „судија од светска класа ќе го суди дербито“, дека „преписката е извршена“ и дека „добиени се потврди“.
Галатасарај е прв на табелата со 63 бодови, шест повеќе од второпласираниот Фенербахче.
Винчиќ беше главен судија на финалето од Лигата на шампиони минатата сезона помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, додека во 2022 година го судеше финалето на Лига Европа помеѓу Ајнтрахт Франкфурт и Глазгов Ренџерс. ег
ФОТО: Фејсбук