• понеделник, 22 јули 2024

Словачката претседателка Чапутова утре во Скопје

Словачката претседателка Чапутова утре во Скопје
Братислава, 6 септември 2022 (МИА) - Претседателката на Словачка Зузана Чапутова утре ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија. Чапутова, како што пренесува словачката национална новинска агенција ТАСР, во Скопје ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски. На средбите ќе се разговара за актуелната меѓународна политичка и економска ситуација предизвикана од војната во Украина и за енергетската криза, како и за поддршката за евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан. Словачката претседателка ќе допатува во Скопје од Атина каде што денеска ќе разговара со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу и со премиерот Киријакос Мицотакис.са/дма/  

Остани поврзан