• понеделник, 22 јули 2024

Словачката претседателка Зузана Чапутова утре во Скопје

Словачката претседателка Зузана Чапутова утре во Скопје

Скопје, 6 септември 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски утре ќе биде домаќин на претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова, која ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Како што најавија од претседателскиот кабинет, словачката претседателка ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба меѓу претседателите и пленарен состанок на делегациите.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје претседателката Чапутова и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев. бт/нд/

Остани поврзан