• недела, 20 април 2025

Следните денови утрински температури под нулата

Следните денови утрински температури под нулата

Скопје, 17 март 2025 (МИА) - Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер (над 60км/ч.). Претпладне претежно во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд и снег во пониските и од снег на повисоките места и на планините, каде ќе се формира нова снежна покривка.

Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 2 до 10 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за провејување на слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во наредниот период следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула. Дневните температури ќе бидат во пораст. сст/са/

Фото МИА архива

Остани поврзан