• петок, 05 декември 2025

Следниот „Марш за ангелите“ на 15 ноември во Скопје

Следниот „Марш за ангелите“ на 15 ноември во Скопје

Кочани, 11 ноември 2025 (МИА) - В сабота на 15. ноември, родителите на жртвите во пожарот во дискотека „Пулс“ најавија уште еден протестен „Марш на ангелите“, кој наместо во Кочани ќе го одржат во Скопје.

Почетокот на маршот е закажан за 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде што ќе продолжи пред Собранието и пред Основниот кривичен суд Скопје.

- Нашите деца умреа на 16 март. Шеесет и три деца кои никогаш повеќе нема да ги видиме. Не бараме од вас милост, бараме да ни се придружите во борбата за правда, затоа што нашите деца го заслужуваат тоа. Маршираме за вистината. Болката е наша, но борбата е за сите нас. Ни треба ваша поддршка, порачаа родителите во видеопорака.ис/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан