Слаб земјотрес регистриран во северна Хрватска
- Земјотрес со интензитет од четири степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во северниот дел на Хрватска
Загреб, 13 август 2024 (МИА) – Земјотрес со интензитет од четири степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во северниот дел на Хрватска.
Епицентарот бил во местото Апатовец, а земјотресот се почувствувал во Загреб и северозападниот дел на Хрватска.
Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. ми/
фото: МИА архива