• четврток, 07 ноември 2024

Скопје утре домаќин на неформален министерски состанок на САД–Јадранската Повелба

Скопје утре домаќин на неформален министерски состанок на САД–Јадранската Повелба

Скопје, 27 март 2023 (МИА) - Во рамки на претседавањето на земјава со Иницијативата „САД - Јадранска Повелба“ (А5), утре во Скопје ќе се одржи неформален состанок на министрите за надворешни работи на А5.

Како што соопшти МНР, состанокот во својство на претседавач ќе го води министерот за надворешни работи Бујар Османи, а на него ќе учествуваат шефови на дипломатиите и високи претставници од земјите членки и набљудувачи на „САД-Јадранската Повелба“.

- На состанокот ќе се дискутираат можностите за зајакнување на политичката улога на Повелбата во контекст на актуелните регионални состојби и безбедносни предизвици. Воедно, ќе стане збор и за руската агресија врз Украина, последиците од војната врз нашиот регион како и за досегашната и идна поддршка на земјите од Повелбата за Украина, наведуваат од МНР.

По неформалниот министерски состанок, најавена е прес-конференција на шефот на дипломатијата Османи. вг/сп/

Остани поврзан