• среда, 10 јули 2024

Скопјанка осомничена за насилство

Скопјанка осомничена за насилство

Скопје, 25 октомври 2023 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка против едно лице за кривично дело насилство од член 386 став 3, во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што денеска соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, осомничената 38-годишна скопјанка, на 23 октомври во угостителски објект во Скопје, извршила грубо насилство кон една оштетена, физички напаѓајќи ја со тврд предмет и нанесувајќи и повреда на главата.

- Притоа упатила и вербални закани кон оштетената и кон други присутни лица, со што предизвикала чувство на несигурност, загрозување и страв. Ценејќи ги сите околности, пред се можноста за повторување на агресивното и насилното однесување, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка на претпазливост – забрана за осомничената да се приближува или да воспоставува контакти со оштетената, појаснуваат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. цр/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан