• сабота, 21 декември 2024

Скопјани ќе можат да склучат договори за отплата на долгови за вода на рати и без пресметка на камата до 31 март

Скопјани ќе можат да склучат договори за отплата на долгови за вода на рати и без пресметка на камата до 31 март

Скопје, 20 март 2023 (МИА) - ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек. Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 15 февруари до 31 март годинава.

-Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Од Јавното претпријатие истакнуваат дека Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес. сст/дма/

 

Фото: Архива

 

Остани поврзан