• недела, 22 декември 2024

Скопјанец обвинет за убиство на сопствената баба

Скопјанец обвинет за убиство на сопствената баба

Скопје, 7 јуни 2024 (МИА) - По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднел обвинителен акт против 28-годишен скопјанец за кривично дело „убиство“, соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. 

- На 18 јануари, при вршење семејно насилство во семејниот дом на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Скопје, обвинетиот со умисла ја лишил од живот сопствената баба. Додека жртвата јадела, тој ја нападнал, започнал да ја удира по главата и телото, а потоа ја задушил, се појаснува во соопштението.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот. цр/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан