Скопјанец во двор пронашол рачна бомба
- Скопјанец во својот двор на улицата „Методија Андонов Ченто“ пронашол експлозивна направа. Случајот вчера го пријавил во СВР по што полициски службеници од Полициската станица Гази Баба излегле на местото и констатирале дека се работи за рачна бомба.

Скопје, 16 мај 2025 (МИА) - Скопјанец во својот двор на улицата „Методија Андонов Ченто“ пронашол експлозивна направа. Случајот вчера го пријавил во СВР по што полициски службеници од Полициската станица Гази Баба излегле на местото и констатирале дека се работи за рачна бомба.
Како што информира МВР, бомбата била стар модел и кородирана.
Известена била и Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при МВР. мч/дма/
Фото: МИА архива