• петок, 22 ноември 2024

Скендер Реџепи-Зејд: Не очекувам драстична промена, има дијаметрални спротивни ставови околу изборите 

Скендер Реџепи-Зејд: Не очекувам драстична промена, има дијаметрални спротивни ставови околу изборите 

Скопје, 4 декември 2023 (МИА) - Претседателот на Движењето на народот, Скендер Реџепи-Зејд пред почетокот на лидерската средба во Собранието нагласи дека не очекува некоја драстична промена оти, како што рече, има дијаметрални спротивни ставови околу изборите.

-Не очекувам некоја драстична промена или одлука од денешниот состанок од причина што има дијаметрални спротивни ставови околу изборите и Изборниот законик, посочи тој. 

Зејд рече дека ќе го поддржи барањето на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката Влада, под услов, како што потенцира, сите присутни  денеска на лидерската да одлучат за уставните измени.

-Меѓутоа, евентуалното барање на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката Влада би го поддржал, без друго, под услов првенствено сите денеска да одлучиме за уставни промени, со тоа што ќе одиме на нови избори. Со уставни промени за една европска Македонија, рече тој. 

Зејд верува дека согласноста ќе биде изборите да се одржат околу мај.

-Меѓутоа, она што за мене е најбитно е да успееме да вметнеме евро-интеграциски договор и евентуална одлука за уставни промени, што не верувам дека има таква спремност оти изборите на одредени партии им се побитни отколку иднината на граѓаните, рече Скендер Реџепи-Зејд. фф/ев/


Фото:МИА

Остани поврзан