• вторник, 23 април 2024

Скариоло главен претендент за тренерската позиција на Реал Мадрид

Скариоло главен претендент за тренерската позиција на Реал Мадрид

Мадрид, 8 април 2023 (МИА) - Серхио Скариоло е главниот претендент за функцијата тренер на Реал Мадрид, објави новинарот на „СДНА“, Георге Закас. Претставници на двете страни активно преговараат.

 

Шеесет и двегодишниот Италијанец моментално раководи со Виртус, но не успеа да го одведе тимот во плејофот во Евролигата. Виртус е 14-ти во поредокот со скор 13-20.

 

Скариоло е и селектор на шпанската репрезентација и го предводеше тимот до победата на Европското првенство во 2022 година.

 

Претседателот на Кошаркарската федерација на Шпанија, Хорхе Гарбахоса веќе изјави дека не му пречи ако Скариоло го води Реал Мадрид. Според него, работата во мадридскиот клуб ќе му овозможи на тренерот повнимателно да го следи развојот на шпанската кошарка. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан