• петок, 05 декември 2025

Скандал во САД: Демократска конгресменка и нејзиниот брат обвинети за проневера и перење пари од ФЕМА

Скандал во САД: Демократска конгресменка и нејзиниот брат обвинети за проневера и перење пари од ФЕМА

Вашингтон, 21 ноември 2025 (МИА) – Конгресменката од Флорида, демократката Шила Шерфилус-Меккормик, е обвинета за кражба и перење на дел од парите на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) за нејзината предизборна кампања во 2021 година, објави Би-Би-Си.

Шерфилус-Меккормик (46) е под истрага од Комитетот за етика на Претставничкиот дом и може да биде исклучена од Домот. Главната обвинителка Пам Бонди ова го нарече „особено себично и цинично злосторство“.

Во изјава, Шерфилус-Меккормик, која беше избрана во Конгресот во 2022 година, тврди дека е невина и вети дека ќе го исчисти своето име. Доколку биде осудена, ѝ се закануваат до 53 години затвор.

Наводната измама била извршена преку здравствена компанија управувана од конгресменката и нејзиниот брат, 51-годишниот Едвин Шерфилус, кој е исто така обвинет.

Во тоа време, Шерфилус-Меккормик била извршен директор на семејната фирма „Тринити хелкеар сервисес“. Компанијата добила договор со ФЕМА за регистрирање луѓе за вакцини против Ковид, но во јули 2021 година добила преплата од пет милиони долари од федералните средства, според Министерството за правда.

Се тврди дека сестрата и братот се обиделе да го прикријат изворот на парите, префрлајќи ги преку неколку сметки и на крајот користеле „значаен дел“ за нејзината кампања за Конгресот.

Обвинителите соопштија дека Шерфилус-Меккормик и друго лице наведено во обвинението пренасочиле средства од договорот со ФЕМА кон пријатели и роднини, кои пак ги донирале парите назад на нејзината кампања како лични донации.

„Никој не е над законот, најмалку пак влијателните луѓе кои ги ограбуваат даночните обврзници за лична корист“, рече главната обвинителка. ссм/јт/

фото: Википедија

Остани поврзан