• вторник, 05 ноември 2024

Скалони за Меси: Не му требаше победа на Светското првенство за да се смета за најголем

Скалони за Меси: Не му требаше победа на Светското првенство за да се смета за најголем

Буенос Аирес, 10 јануари 2023 (МИА) – Аргентинскиот селектор Лионел Скалони проговори за статусот на напаѓачот Лионел Меси по освојувањето на Светското првенство во 2022 година.

- Мислам дека не му требаше светска титула за да се смета за еден од најголемите или најголемите. Само што од него секогаш се бара повеќе. Сега кога го освои Светското првенство, не знам што друго ќе се бара од него. Многу сме среќни за Меси и за целата земја, изјави Скалони за „Радио Калвија“.

Аргентина предводена од Лионел Меси стана светски фудбалски шампион освојувајќи го Мундијалот во Катар во декември 2022 година.

Така Меси дојде до единствениот трофеј што му недостасуваше во неговата богата кариера. зс/

Остани поврзан