Сиљановска-Давкова од Хаг повика да се деблокира процесот на проширување
- СООПШТЕНИЕ - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Состанокот на Северноатлантскиот совет, на Самитот во Хаг, на којшто истакна дека НАТО се соочува со бројни закани и за да се зачува мирот и безбедноста, потребна е колективна одбрана.
Скопје, 25 јуни 2025
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Состанокот на Северноатлантскиот совет, на Самитот во Хаг, на којшто истакна дека НАТО се соочува со бројни закани и за да се зачува мирот и безбедноста, потребна е колективна одбрана.
Осврнувајќи се на конвенционалните и хибридните предизвици и закани, Сиљановска-Давкова истакна дека земјава е посветена на својот фер дел од товарот.
Потсетувајќи на симболиката на 26 јуни - денот на потпишувањето на Повелбата на ОН во 1945, на американската солидарност со Европа за време на Студената војна и епизодата од распадот на Југославија во 1990 година, претседателката посочи на неопходноста од единство околу деблокирање на македонскиот евроинтегративниот процес.
Истакнувајќи дека речиси сите членки на ЕУ се и членки на НАТО, таа повика дека тие можат да го деблокираат процесот на проширување и да го завршат обединувањето на Европа, бидејќи европската и евроатлантската интеграција на Западен Балкан не е само политичко прашање, туку и геополитички и безбедносен императив.
Кабинет на претседателката
ФОТО: Кабинет на претседателката
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.