• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сијарто во Москва: Примирјето врз енергетските цели е во унгарски интерес

Сијарто во Москва: Примирјето врз енергетските цели е во унгарски интерес

Москва, 26 март 2025 (МИА) - Спогодбата меѓу САД и Русија за забрана на напади врз инфраструктурата која ѝ доставува енергија на Унгарија е во согласност со националните интереси на земјата, бидејќи го намалува ризикот за нејзината енергетска сигурност, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во Москва, пренесе унгарската агенција МТИ.

- Најважното прашање за Унгарија сега е кога ќе заврши војната во Украина и кога Централна Европа ќе добие мир, изјави Сијарто по средбите со руските вицепремиери Александар Новак и Денис Мантуров, советникот на Кремљ Јуриј Ушаков и министерот за спорт Михаил Дегтјарев.

Сијарто нагласи дека Унгарија увезува и нафта и гас од Русија, а неодамнешните напади на Украина врз енергетската инфраструктура ја прекинаа испораката на нафта.

„Енергетската безбедност на Унгарија не би била возможна без руската енергија“, заклучи Сијарто.ссм/

фото: архива

Остани поврзан