Сите патишта во Општина Маврово и Ростуше проодни, исчистени се од снег и одрони
- Општина Маврово и Ростуше доцна попладнево информираше дека општинските служби ги расчистиле одроните и снегот на патиштата кон повеќе населени места.
Дебар, 16 јануари 2026 (МИА) - Општина Маврово и Ростуше доцна попладнево информираше дека општинските служби ги расчистиле одроните и снегот на патиштата кон повеќе населени места.
- Со цел обезбедување непречена комуникација на граѓаните особено пред претстојните празници, општинските служби денеска извршија расчистување и посолување на локалната патна инфраструктура. Општинската власт е секогаш во служба на своите граѓани - наведуваат од општината.
Интервенирано е на патните правци кон селата Волковија, Беличица, Сенце, Дуф, Врбен, Леуново, Ниќифорово, Сретково, Церово, Видуше, Нистрово, Врбјани, како и на новиот пат за населеното место Скудриње, каде беа отстранети поголеми количини на одрони од земја и камен.
-Сите локални патишта во општината се целосно проодни. Сакаме да ги информираме граѓаните дека службите во континуитет ќе ги расчистуваат сите евентуални нови одрони кои ќе се појават на локалните патишта низ целата општина - посочуваат од општината. вт/лв/
Фото: Општина Маврово и Ростуше