Сиси: Египет предложи дводневен прекин на огнот во Газа во замена за четири заложници
- Египетскиот претседател Абдел Фатах Ел-Сиси изјави дека Египет предложил дводневен прекин на огнот во Газа за размена на четворица израелски заложници за некои палестински затвореници.

Каиро, 27 октомври 2024 (МИА) – Египетскиот претседател Абдел Фатах Ел-Сиси изјави дека Египет предложил дводневен прекин на огнот во Газа за размена на четворица израелски заложници за некои палестински затвореници.
Говорејќи на прес-конференција во Каиро заедно со алжирскиот претседател Абделмаџид Тебуне, коментарите на Сиси доаѓаат на денот кога израелските, американските, египетските и катарските официјални лица треба да се сретнат во Доха за да ги обноват преговорите за примирје. јт/
Фото: ЕПА