• понеделник, 23 декември 2024

Сирски: Ситуацијата во регионот Харков е комплицирана, но украинските сили го држат фронтот

Сирски: Ситуацијата во регионот Харков е комплицирана, но украинските сили го држат фронтот

Харков, 12 мај 2024 (МИА) - Вооружените сили на Украина се во тешка ситуација поради борбите во регионот Харков, но добро им оди и можат да го задржат фронтот, изјави денеска нивниот врховен командант, генералот Олександр Сирски, цитиран од британските медиуми.

-Обидите на руските напаѓачи да ја пробијат нашата одбрана се спречени, напиша тој на апликацијата Телеграм.

Тој додаде оти ситуацијата е комплицирана, но дека „силите на Украина прават се за да ги задржат одбранбените линии и позиции и да му нанесат порази на непријателот“. 

Русија започна нова офанзива од своја територија против североисточниот украински регион, заканувајќи се дека ќе отвори нов фронт во 27-месечната војна. Вчера Москва соопшти дека освоила пет села, а Киев соопшти дека ги одбива нападите и се бори за контрола на тие села. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан