• понеделник, 09 септември 2024

Сирија: Бројот на загинати во израелските напади се искачи на 14

Сирија: Бројот на загинати во израелските напади се искачи на 14

Дамаск, 9 септември 2024 (МИА) – Четиринаесет лица загинаа, а 43 се повредени во серија израелски напади во текот на ноќта врз провинцијата Хама, централна Сирија, соопшти денеска државната новинска агенција Сана.

- Бројот на загинатите по израелската агресија на неколку локации околу Месијаф се искачи на 14, а 43 се повредени, изјави директорот на болницата во овој регион, цитиран од Сана.

Израел во нападите гаѓал голем број воени локации во централниот регион, а сириските сили за воздушна одбрана пресретнале и собориле некои од проектилите. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан