Сириските владини сили влегуваат во центарот на Свеида, два дена по смртоносните судири меѓу Друзите и бедиуните
- -Во градот е воведен полициски час се „до следното известување“, изјави бригадниот генерал, Ахмед ал-Далати, командант за внатрешна безбедност на покраината.
Дамаск, 15 јули 2025 (МИА) – Сириското Министерство за внатрешни работи објави дека владините сили од денеска ќе почнат да влегуваат во центарот на градот Свеида, два дена по конфликтот во кој настрадаа речиси 100 лица, објави „Ал Арабија“.
-Во градот е воведен полициски час се „до следното известување“, изјави бригадниот генерал, Ахмед ал-Далати, командант за внатрешна безбедност на покраината.

Духовното раководство на Друзите ги покани вооружените фракции да соработуваат со владините сили, да не се спротивставуваат на нивниот влез и да го предадат своето оружје на Министерството за внатрешни работи.
Комитетот близок до истакнатиот друзски шеик Хикмат ел-Хаџри ја нагласи потребата од дијалог со сириската Влада за стабилизирање на ситуацијата и активирање на државните институции во покраината.
Извештаите од теренот посочуваат за продолжување на конфликтот во блиските градови, додека владините единици се постројуваат и влегуваат во градот. На приодите на Свеида се забележени воени конвои со тешка артилерија, објави локален портал.

Пред неколку дена во градот избувнаа судири меѓу бедуинските милитанти и вооружените Друзи, а израелската армија потврди напади врз неколку тенкови во областа, со предупредување да не се гаѓаат Друзите.
Од мај годинава, според договорот со властите милитантите Друзи се задолжени за безбедноста во Свеида, додека сунитските бедуински племиња ги контролираат руралните области на покраината.
Сирискиот министер за надворешни работи, Асад ел Шејбани, нагласи дека носењето оружје е единствена одговорност на државата и ги отфрли странските обиди за мешање во внатрешните работи на Сирија.
Во меѓувреме, сириското Министерство за одбрана потврди дека 18 војници се убиени во судирите во Свеида, додека дополнителни сили се распоредени за стабилизирање на ситуацијата.
Сириското Министерство за внатрешни работи објави дека неколку припадници на безбедносните сили се киднапирани за време на распоредувањето, а сириската телевизија извести за смртните случаи по нападот на одметнатите групи врз воените единици. Во соопштението на министерството се додава дека конфликтот ескалираше поради отсуството на официјални институции, што доведе до хаос и загрозување на безбедноста на граѓаните. Затоа, владините сили, во соработка со Министерството за одбрана, директно ќе интервенираат со цел да се воспостави мир и да се донесе одговорна правда, се наведува. сд/
фото:ЕПА
— SyrianOSINT (@SyrianOsint) 15 јули 2025 година
‼️Heavy artillery shelling on the city of Al-Suwayda', southern #Syria is being carried out by #Syrian Regime Forces against the #Druze; curfew is still in place. https://t.co/FAE9O36myp pic.twitter.com/XDiCjO1fjw
— SyrianOSINT (@SyrianOsint) July 15, 2025