• сабота, 13 декември 2025

Сириската полиција заплени околу 12 милиони таблети Каптагон во близина на Дамаск

Сириската полиција заплени околу 12 милиони таблети Каптагон во близина на Дамаск

Дамаск, 21 октомври 2025 (МИА) - Сириското Министерство за внатрешни работи соопшти дека запленило околу 12 милиони таблети Каптагон и разбило мрежа за трговија со дрога во близина на сирискиот главен град Дамаск.

Заплената на дрога е една од најголемите откако преодната влада ја презеде власта кон крајот на 2024 година.

Се забележува дека шверцерите на дрога се обиделе да прошверцуваат големи количини наркотици во странство и дека водачот на криминалната мрежа е уапсен, објави „Тајмс оф Израел“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан