Синот на Зидан. Лука ќе игра за алжирската репрезентација
- Голманот на Гранада, Лука Зидан, ја прифати поканата од алжирската репрезентација, објави „РМЦ Спорт“.
Париз, 20 септември 2025 (МИА) - Голманот на Гранада, Лука Зидан, ја прифати поканата од алжирската репрезентација, објави „РМЦ Спорт“.
Дваесет и седумгодишниот син на поранешниот француски репрезентативец Зинедин Зидан претходно играше за француските младински селекции.
Лука има 30 меѓународни настапи, вклучувајќи ја и победата на Европското првенство до 17 години во 2015 година.
Другиот син на Зинедин Зидан, Елијас, дефанзивец на Бетис, е повикан во француската репрезентација за Светското првенство до 20 години. зс/
Фото: ЕПА