Синер го доби трофејот за број еден во светот на крајот од сезоната
- Италијанскиот тенисер Јаник Синер синоќа во Торино го доби трофејот за број еден во светот на крајот од сезоната.

Торино, 12 ноември 2024 (МИА) – Италијанскиот тенисер Јаник Синер синоќа во Торино го доби трофејот за број еден во светот на крајот од сезоната.
Свечената церемонија се одржа пред натпреварот помеѓу Андреј Рубљев и Александар Зверев на завршниот АТП турнир.
Синер се искачи на првата позиција на светската АТП ранг-листа за прв пат во јуни оваа година и оттогаш не го отстапи на друг.
На турнирот во Торино, вечер од 20 часот Синер ќе се соочи со Тејлор Фриц (САД) во второто коло од А-групата. зс/
Фото: ЕПА