• недела, 25 мај 2025

Симптоми на хормонална нерамнотежа кај жената

Симптоми на хормонална нерамнотежа кај жената

Скопје, 25 април 2025 (МИА) - Хормоналната рамнотежа има клучна улога во здравјето на секоја жена. Хормоните не се само „тивки регулатори“ на телото, туку влијаат и на речиси секој дел од нејзиниот живот и секојдневие. А пак, кога се јавува хормонална нерамнотежа, телото испраќа сигнали што може да укажуваат на некаков здравствен проблем, пишува порталот „Кликс“.

Следат неколку симптоми на хормонален дисбаланс:

- Ненадејните промени во расположението, како што се чувствата на тага, вознемиреност или раздразливост, можат да бидат знаци на хормонална нерамнотежа.

- Менструациите се пообилни или поболни од вообичаеното.

- Проблеми со спиењето, како што се несоница, кревок сон или често будење ноќе.

- Зголемена телесна тежина без промени во навиките за исхрана или физичките активности.

- Исто така, и намалениот интерес за сексуална активност може да биде последица на хормонални промени во телото.

- Појава на акни, сува кожа или други проблеми околу кожата.

- Честите главоболки или мигрени може да бидат предизвикани од флуктуации на хормоните во телото.

- И тешкотиите при забременување може да бидат поврзани со нерамнотежа на хормоните што го регулираат репродуктивниот систем.

- Ниската густина на коските или зголемениот ризик од скршеници можеби се должат на намалени нивоа на одредени хормони.

- Чувството на сувост или иритација во вагиналната област може да биде предизвикано од намалено ниво на естроген.

Ако се појават овие симптоми, важно е консултирањето со лекар за да се утврди причината и да се добие соодветен третман. Правилната дијагноза и навремениот третман можат значително да го подобрат квалитетот на животот на жената и да спречат можни посериозни здравствени проблеми подоцна.  си/мс/

 

Остани поврзан