Симпозиум во рамки на континуираната стоматолошка едукација на докторите стоматолози во Македонија
- Факултетот за медицински науки, Одделот за дентална медицина при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во сабота ќе го одржи 14. Симпозиум во рамките на Континуираната стоматолошка едукација за докторите стоматолози во Македонија.
Штип, 15 ноември 2025 (МИА) – Факултетот за медицински науки, Одделот за дентална медицина при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во сабота ќе го одржи 14. Симпозиум во рамките на Континуираната стоматолошка едукација за докторите стоматолози во Македонија.
Настанот ќе се одржи на 15 ноември 2025 година, со почеток во 10:00 часот, во Мултимедијалниот центар при Економскиот факултет во Штип.
Годинешниот симпозиум е посветен на темата „Денто–фасијална естетика и функција во современата дентална медицина“, а ќе обедини стручњаци, професори и клиничари кои ќе ги претстават најновите научни сознанија и современи практични пристапи во оваа област. ра/сст/
Фото: МИА архива