• вторник, 14 мај 2024

Симеоне: Интер ја искористи нашата грешка

Симеоне: Интер ја искористи нашата грешка

Милано, 21 февруари 2024 (МИА) - Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне се осврна на синоќешниот пораз од Интер.

Шпанскиот претставник загуби во Милано со 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

-Игравме многу добро. Бевме блиску до она кон што се стремевме - да го спречиме добриот напад на Интер. Поради тоа, противниците искористија бројни моменти кога губевме топки во транзиција, по што тие самите создаваа шанси. Ова е неверојатен аспект на фудбалот. Можете да подготвите тактики колку сакате, но на крајот се е д фудбалерите. И тоа се индивидуални поединци. Има добри моменти и има лоши. Денес Интер ја искористи нашата грешка, го цитира Симеоне прес-службата на УЕФА.

Реваншот ќе се игра на 13 март во Мадрид. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан