• недела, 22 декември 2024

Клубовите од Премиер лигата со тежок удар по Манчестер сити

Клубовите од Премиер лигата со тежок удар по Манчестер сити

Лондон, 22 ноември 2024 (МИА) - Клубовите од англиската Премиер лига ги одобрија промените на правилата за трансакции со поврзани страни (АПТ).

Одлуката е удар за актуелниот шампион Манчестер Сити, кој беше против промената, анализираат британските медиуми

Правилата гарантираат дека клубовите не можат да имаат корист од трговски зделки или намалување на трошоците кои не се по фер пазарна вредност врз основа на односите со поврзаните страни.

-Промените на правилата се однесуваат на констатациите на Арбитражниот трибунал по оспорувањето на системот AПТ претходно оваа година од страна на Манчестер сити, се вели во соопштението на англиската елитна дивизија.

Премиер лигата спровела детални консултации со клубовите, информирани од низа мислења од експерти, независни водечки советници, за да се изготват промени во правилата кои се однесуваат на прилагодувањата потребни на системот, се додава во соопштението. дс

Фото: Архива

Остани поврзан