• четврток, 09 мај 2024

Силјановска Давкова не е натпартиски кандидат, туку единствено кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, велат од изборениот тим на Пендаровски

Силјановска Давкова не е натпартиски кандидат, туку единствено кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, велат од изборениот тим на Пендаровски

Скопје, 20 март 2024 (МИА) - Од изборниот тим на претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, кој е и актуелен шеф на државата денеска преку соопштение навдуваат дека доставувањето пратенички потписи покажало две работи, дека кандидатката Гордана Силјановска Давкова не е натпартиски кандидат, туку единствено кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и дека Давкова и ВМРО-ДПМНЕ излажале десетици илјадници граѓани кои со часови чекале да се потпишат.

- Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ е единствениот кандидат за претседател на државата, кој наместо потребните граѓански потписи до Државната изборна комисија со својата кандидатура достави потписи од пратеници. Пред само две недели ВМРО-ДПМНЕ се фалеше дека за Гордана Силјановска Давкова се потпишале најмногу граѓани, се споменуваа бројки од 20.000, 25.000 потписи па и повеќе. Но на крајот, кандидатурата на Силјановска Давкова беше поткрепена само со триесеттина потписи на пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението.

Намерно или случајно, деновиве, најцитирана изјава од гостувањето на директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски,  на емисијата “Win-win” е онаа за ЗАКАНАТА со казна: парична или „з

Од тимот на Пендаровски прашуваат зошто Силјановска-Давкова се одлучила за ваков потег. 

-Дали на денот на собирање на потписите излажаа за вкупниот број на собрани потписи? Дали на списоците можеби имало преклопување на одреден број потписи, едните депонирани во нотарски канцеларии а другите во подрачни одделенија на ДИК? На крајот, дали конечниот број на потписи не само што не е драстично поголем, туку и е помал од бројот на собрани потписи од страна на Стево Пендаровски? Одговор за ова треба да дадат Гордана Силјановска Давкова и ВМРО- ДПМНЕ, се вели во соопштението. мд/ац/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан