• сабота, 04 мај 2024

Силна бура ја парализираше Ирска

Силна бура ја парализираше Ирска

Даблин, 22 јануари 2024 (МИА) - Најмалку 170.000 домаќинства и бизниси синоќаа останаа без струја како последица на силното невреме што ја погоди Ирска. Црвен метео аларм е издаден за округот Донегал, јавува „Ајриш тајмс“

На социјалините мрежи се споделуваат снимки од последиците од бурата Иша. Високите бранови на брегот сведочат за разорната моќ на ветровите. Соборени се многу дрвја и далноводи, поради што пожарникарите имаат полни раце работа. Силниот ветер корне дрвја во делови од Кери. Некои патишта беа блокирани поради паднати дрвја.

Авиокомпаниите вчера откажаа 148 летови до и од аеродромот во Даблин поради невреметп, соопшти аеродромскиот оператор.

Бурата Иша, исто така, принуди приземјување на 24 авиони вчера до 17 часот, додека 27 авиони беа пренасочени кон други аеродроми, соопшти аеродромот во Даблин на платформата X.

Во меѓувреме, аеродромот Шипхол во Амстердам откажа 130 летови закажани за денеска како мерка на претпазливост поради силните ветрови што се очекуваат кога бурата Иша ќе стигне до Холандија. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан