• петок, 22 ноември 2024

Силен земјотрес регистриран во близина на Панама

Силен земјотрес регистриран во близина на Панама

Панама Сити, 18 јули 2021 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран јужно од Панама.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за евентуално повредени луѓе и причинета материјална штета.

Земјотресот бил во море, на 130 километри јужно од малиот полуостров Пунта де Бурика, а не беше издадено предупредување за појава на цунами. ми/

Остани поврзан