• понеделник, 13 мај 2024

Силен земјотрес го погоди Тајван

Силен земјотрес го погоди Тајван

Тајпеј, 8 април 2024 (МИА) - Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала го погоди Тајван, јавува ЕМСЦ (EMSC).

Земјотресот е регистриран во 13 часот и 9 минути по локално време.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала минатата недела исто така го погоди овој остров и оттогаш тлото не престана да се тресе.

Според последните податоци, бројот на загинати во земјотресот од минатата недела се зголеми на 13, додека повеќе од 1.100 лица се повредени, соопштија тајванските власти.сд/

фото:Х

Остани поврзан