Сибиха: Киев е подготвен за разговори со Москва
- Украина е подготвена да ги продолжи разговорите со Русија, изјави денес украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.
Киев, 16 јули 2025 (МИА) - Украина е подготвена да ги продолжи разговорите со Русија, изјави денес украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.
Министерот не даде конкретен датум за разговорите.
Сибиха го повтори повикот на Киев за средба меѓу лидерите на Русија и Украина, додавајќи дека ова би бил најефикасниот чекор кон постигнување прекин на огнот.
-Подготвени сме за такви разговори во кој било формат и на кое било место, рече Сибиха за време на посетата на полскиот град Лублин. мс/
фото: „Х“