СЗО: Најмалку седум милијарди долари се потребни за обнова на здравствениот систем во Појасот Газа
- Во Газа нема целосно функционална болница, само 14 од 36 функционираат. Постои сериозен недостиг на основни лекови, опрема и здравствен персонал, истакна генералниот секретар на СЗО, Тедрос Адханом Гебреисус
Женева, 23 октомври 2025 (МИА) – Светска здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека ќе бидат потребни најмалку седум милијарди долари само за обнова на здравствениот систем во Појасот Газа.
- Во Газа нема целосно функционална болница, само 14 од 36 функционираат. Постои сериозен недостиг на основни лекови, опрема и здравствен персонал, истакна генералниот секретар на СЗО, Тедрос Адханом Гебреисус.
Според СЗО ситуацијата во Појасот Газа по примирјето не е подобрена, сè уште недостига храна. ми/
фото: МИА архива