• понеделник, 23 декември 2024

СЗО: Залихите на вакцини против колера се „празни или екстремно мали“

СЗО: Залихите на вакцини против колера се „празни или екстремно мали“

Женева, 16 декември 2022 (МИА) – Официјален претставник на Светската здравствена организација (СЗО) денеска изјави дека глобалните залихи на вакцини против колера „моментално се празни или екстремно ниски“ поради повторното заживување на болеста низ светот.

Здравствената агенција на Обединетите нации извести дека колера е забележана во 30 земји во светот, што е за една третина повеќе од претходно.

– Немаме веќе вакцини. Повеќе земји продолжуваат да ги бараат и тоа е исклучителен предизвик, рече Филип Барбоза, одговорен за борба против колера во СЗО. – Сите произведени вакцини веќе се дистрибуирани, додаде тој.

Барбоза мисли на итни резерви за кои е задолжена Меѓународната координативна група за набавка на вакцини управувана од СЗО со партнерите.

Барбоза рече дека кризата е предизвикана и од одлуката на индискиот производител да го запре производството.

Колерата се појави во многу сиромашни земји каде продолжуваат конфликтите, како Хаити и Јемен, но и во земји како Либан, кој до неодамна беше земја со среден приход. ссм/

Остани поврзан