• среда, 17 јули 2024

Се реновираат занималните во клонот „Мајски цвет“ во неготинската градинка

Се реновираат занималните во клонот „Мајски цвет“ во неготинската градинка
Неготино, 21 јули 2022 (МИА) - Се реновираат занималните во клонот „Мајски цвет“ во неготинската градинка „Фемо Кулаков", информираше денеска градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов. Тој појасни дека се работи за занималните во кои престојуваат децата на возраст од девет месеци до три години. - Покрај занималните, се реновира и ходникот во овој дел на градинката. Додека течат работите, децата од овие групи се сместени и престојуваат во објектот „Темјанушка“, додека просториите во „Мајски цвет“ не се прилагодат за нивно враќање и престој во нив, соопшти градоначалникот. свд/цр

Остани поврзан