• недела, 06 октомври 2024

Се реконструира улицата „Јане Сандански“ во Демир Капија 

Се реконструира улицата „Јане Сандански“ во Демир Капија 

Демир Капија, 8 јули 2024 (МИА) - Се реконструира улицата „Јане Сандански“ во Демир Капија, информираше попладнево демиркапискиот градоначалник Лазар Петров.  

- Во тек се градежните активности на оваа улица. Средствата потребни за реконструкција на оваа траса од улицата, изнесуваат 4.150.000 денари. Реконструкцијатата на улицата „Јане Сандански“ во општината Демир Капија, како и реконструкцијата на улица во демиркапиското село Чифлик, се дел од договорот за подобрување на инфраструктурата на локалните патишта, склучен помеѓу Министерство за транспорт и врски и изведувачот ДГТ „Жикол“, со претходно обезбедено финансирање од Светска банка, за покривање на трошоците на проектот за поврзување на локални патишта, појасни Петров. 

Тој нагласи дека локалната самоуправа подеднакво инвестира во урбаните и руралните средини. За, како што додаде, поубав живот за сите демиркапијци. свд/бд/

Фото: Фејсбук на градоначалникот Лазар Петров 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан