• сабота, 27 јули 2024

Се реконструираат две улици во неготинско Долни Дисан

Се реконструираат две улици во неготинско Долни Дисан

Неготино, 27 октомври 2023 (МИА) - Се реконструираат две улици во неготинско Долни Дисан, информираше денеска градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов.  

- Врз основа на потпишаниот договор помеѓу финансиерот, општината Неготино и изведувачот на работите „Градба промет“, во тек се градежни активности, што ќе финишираат со асфалтирање на две улици. Се работи по проект изработен од „Астрекс“, со напомена дека едната улица завршува пред игралиштето со вредност од 2.776.772 денари, додека втората улица што се реконструира е со вредност на работите од 2.238.165 денари со вклучен ддв, соопшти градоначалникот.

Стојанов појасни дека средствата за реализацијата на овој проект се обезбедени од буџетот на општината Неготино, а надзорот го врши фирмата „Студио Архивисион“. Тој додаде дека работите на терен, се одвиваат според однапред утврдената динамика за реализација. свд/бд/

Фото: Фејсбук на градоначалникот Горан Стојанов

Остани поврзан