• вторник, 25 јуни 2024

Се расчистува градската депонија во Македонска Каменица

Се расчистува градската депонија во Македонска Каменица

Делчево, 27 јануари 2024 (МИА) - Во Македонска Каменица се расчистува градската депонија во согласност со проектот за затворање диви депонии во Источниот регион – ЛОТ 1.

Информацијата за активностите ги соопшти каменичкиот градоначалник Димчо Атанасовски кој истакна дека зачувувањето на животната средина останува врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа.

-Започна расчистувањето на градската депонија во Македонска Каменица од страна на економскиот оператор Ескаватори МК ДООЕЛ Скопје. Проектот предвидува изградба на собирна и претоварна станица во Македонска Каменица, за современ третман на отпадот до идната регионална депонија преку собирната и претоварна станица во Кочани, до Мечкуевци кај Свети Николе, истакна Атанасовски.

Со отпочнувањето на работните градежни активности очекувањата се во иднина да се обезбеди модерен пристап кон одложувањето на отпадот и зачувувањето на животната средина во Македонска Каменица и во сите останати општини во Источна и Североисточна Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, со вредност од 4,5 милиони евра. вс/хс/

Фото: Градоначалник на Македонска Каменица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан