Се работи на надвозник над железничка пругата на новата обиколницата за Тетово
- Изведувачот на работите за изградба на обиколница на Тетово преку клучка Требош до село Непроштено, во моментот работи на изведба на надвозник над железничката пругата, информираа денес од Јавното претријатие за држави патишта (ЈПДП). Во текот на изведбата на овие работи изработени колови, надколова плоча и еден крилен ѕид.
Тетово, 29 октомври 2024 (МИА) - Изведувачот на работите за изградба на обиколница на Тетово преку клучка Требош до село Непроштено, во моментот работи на изведба на надвозник над железничката пругата, информираа денес од Јавното претријатие за држави патишта (ЈПДП). Во текот на изведбата на овие работи изработени колови, надколова плоча и еден крилен ѕид.
-Заедно со стручниот тим на ЈПДП извршивме увид во градежните работи за изградба на обиколница на Тетово преку клучка Требош до село Непроштено (фаза 1). Моментално се работи на изработка на преднапрегнати носачи за надвозникот. Исто така, паралелно со изведбата ја рашаваме и експропријацијата на околното земјиште, а извршено е и пробивање и расчистување на трасата од околу 90%. Моменталниот прогрес на градежните работи е 25%. напиша директорот на ЈПДП, Коце Трајановски преку социјалната мрежа Фејсбук.
Должината на оваа обиколница изнесува 5,34 километри и ќе има две ленти од по три метри асфалтен коловоз. За изградбата на обиколницата ќе се потрошат 12,23 милиони евра од буџетот на ЈПДП. Обиколницата почна да се гради во февруари 2024 година. ас/аа/
Фото: ЈПДП