• вторник, 25 март 2025

Се преврте возило на патот Кавадарци - Возарци

Се преврте возило на патот Кавадарци - Возарци

Кавадарци, 24 март 2025 (МИА) - Се преврте возило на патот Кавадарци - Возарци, оваа информација вечерва ја потврдија за МИА од Итната медицинска помош Кавадарци и од Територијалната противпожарна единица. За среќа, немало повредени лица. 

Инаку, патничко моторно возило се преврте денеска и на кружен тек близу социјалната зграда во Кавадарци, а сообраќајката ја потврдија за МИА од Секторот за внатрешни работи Велес. За среќа и таа сообраќајна несреќа помина без повредени лица. свд/аа/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан