• вторник, 11 март 2025

Се полнат амбулантите со пациенти кои имаат алергии од полен

Се полнат амбулантите со пациенти кои имаат алергии од полен

Штип, 11 март 2025 (МИА) – Матичните лекари, но и лекарите од Итната медицинска помош предупредуваат дека почнува сезоната на алергиите, со цветањето на дрвјата. Томица Наков лекар по општа медицина во Итната медицинска помош во Штип вели најчесто пациентите се алергични на поленот, кој е застапен во воздухот овој периодот од годината. Пациентите кои се алергични на полен знаат за тоа, и потребно е навремено да ја земаат својата терапија со цел да превенираат.

-Имаме пациенти кои се преосетливи на полен и има појава на алергиски реакции. Тие пациенти не се нови, туку тие си знаат дека имаат проблеми од поленот. Првична симптомалогија кај нив е течење на нос, сува и надрзнителна кашлица, кивање, печење и солзење на очите. На оваа симптоматологија можже лесно да се превенира доколку пацеинтите навремено си ја земаат терапијата, изјави Наков. 

Апелира до пациените кои се алергични на полен да не се движат на места, каде што има повеќе дрва или цветови, како на пример на пешачката патека во Штип. Доколку мораат во тој случај може да се заштита со носење на маски. 

-Да избегнуваат места кои се пренаселени со дрва и со цветови, како на пример пешачката патека покрај река Брегалница. Изложувањето на такви места ќе ги зголеми симптомите. Доколку некои луѓе мора да се изложени на места со дрва и цветови може да се превенира и со носење на заштитни маски, рече Наков. вдј/са/

Фото: МИА 

Остани поврзан