• сабота, 04 мај 2024

Се подобрува локалната патна мрежа во беровското село Русиново

Се подобрува локалната патна мрежа во беровското село Русиново

Берово, 7 септември 2023 (МИА) -  Во Берово во тек активности за подобрување на локалната патна мрежа во село Русиново. Во рамки на градежните работи како што информираа од Општината, во ова село се поставува асфалт на две улици во должина од 430 метри.

- Нов асфалт, во должина од 430 метри, во широчина од 3 до 3,5 метри , со асфалтна маса од 7 сантиметри денеска добиваат дел од  улиците ,,Димитар Влахов” и ,,Партизанска". Со ова се подобрува патната мрежа, а со тоа се подобрува квалитетот на живот на жителите од с. Русиново и нивната пристапност до семејните имоти, информираа од Општината. 

Подобрувањето на состојбата на локалните патишта како што додадоа е од особено значење за жителите на Берово и населените места. Изразија благодарност до Бирото за регионален развој и Владата на РСМ, што овозможува реализација на вакви проекти, кои се од витално значење, за жителите од населените места, а кои граѓаните постојано ги истакнуваат како приоритети.

- Од особено значење е и подобрување на пристапноста на возилата за итна медицинска помош и противпожарните возила. Со реконструкцијата  на делови од улиците ,,Димитар Влахов” и ,,Партизанска”,   ќе се подобри социјалната кохезија на жителите од овие улици но и на останатите граѓани и посетители на с. Русиновo.  И затоа, максимално сме посветени и интензивно работиме на реализација на инфраструктурни проекти.

Средствата за реализација на активностите за реконструкција на дел од двете улици кои се обезбедени  од Биро за регионален развој, се во износ од околу 3 милиони денари. вс/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан