• среда, 03 јули 2024

Се очекува Бугарија да стане полноправна членка на европски конзорциум со најмодерна ласерска инфраструктура во светот

Се очекува Бугарија да стане полноправна членка на европски конзорциум со најмодерна ласерска инфраструктура во светот

 

До крајот на оваа година се очекува Бугарија да стане полноправна членка на европскиот конзорциум ELI ERIC - научна инфраструктура за ласерска физика. Тоа е препознаено од специјалистите како најголема и најмодерна ласерска инфраструктура во светот, објави Министерството за образование и наука (МОН) на својата веб-страница.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Заменик министерот за образование и наука академик Николај Витанов денеска отвори официјална работна средба посветена на можностите и предизвиците на Бугарија во рамките на научниот договор.

За успешно приклучување на Бугарија во асоцијацијата беше склопен договор на национално ниво меѓу водечките организации и универзитети по ласерска физика. Во Националниот конзорциум, кој ќе се имплементира и ќе стане дел од европскиот, влегуваат Институтот за електроника и Институтот за физика на цврста состојба на Бугарската академија на науките, како и Факултетот за физика на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски “.

Академик Витанов истакна дека Министерството за образование и наука успешно го координира учеството на бугарските истражувачки организации во голем број европски конзорциуми за ласерска физика. „Учеството на Бугарија во ЕЛИ ЕРИК ќе ги зголеми можностите за вклучување на нашата земја во поголеми европски проекти“.
Бугарските научници ќе имаат пристап до современа опрема, а научните лаборатории ќе добијат дополнителна опрема која ќе овозможи нови и подобри научни експерименти.

Заменик министерот Николај Витанов увери дека институциите ќе продолжат да го поддржуваат развојот на бугарската ласерска наука. „Ги гледаме позитивните примери и достигнувања на нашата заедница за ласерско истражување. Развојот на ова поле неизбежно ќе го привлече бизнисот и ќе ја зајакне врската меѓу науката и економијата“, додаде тој.

На работната средба учествуваа генералниот директор на ELI ERIC Алан Викс, заменик министерот за иновации и раст проф. д-р Георги Ангелов, експерти од научни организации и универзитети.

Дел од европската научна мрежа ELI ERIC се организации од Германија, Италија, Чешка, Унгарија, Латвија и Романија. Бугарија е дел од договорот веќе три години, но со статус на набљудувач. Сега се очекува да стане полноправен учесник и да има можност да има корист од технолошкото искуство на другите земји.

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Остани поврзан