• петок, 22 ноември 2024

Унгарското претседавање со ЕУ: Како Орбан може да влијае на ЕУ?

Унгарското претседавање со ЕУ: Како Орбан може да влијае на ЕУ?

ЕНР - Брисел

29 јуни 2024

Додека вообичаено секоја земја членка на ЕУ се бори со сите средства за своите сопствени интереси, кога ќе дојде време да претседаваа со Советот на ЕУ се очекува да ја стави политика на страна и да преземе по неутрална улога.

За време на прес-конференцијата на 18 јуни во Будимпешта, унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока нагласи дека Унгарија ќе биде „чесен посредник“.

 Што постигна белгиското претседателство за шест месеци?

 Кога една земја го презема претседателството со европски избори на хоризонтот, како што беше случајот со Белгија, постои јасна и важна цел - да се средат што е можно повеќе законодавни документи.

 Кога Европскиот Парламент беше распуштен на крајот на април, веќе беа усвоени повеќе од 60 документи. Тие ги вклучуваат и новиот Пакт за азил и миграции и новиот пакет за буџетски надзор. Важно е да се напомене дека некои од документите веќе беа успешно усогласени за време на претседавањето на Шпанија.

 По изборите, што се одржаа од 6 до 9 јуни, и со неочекувана помош од австриската министерка за животна средина Леоноре Гевеслер, белгиското претседателство го обезбеди потребното мнозинство за одобрување на Законот за обнова на природата, за кој се водеа долги и жестоки дебати на европско и национално ниво.

 Престојното претседавање на Унгарија исто така придонесе за законодавниот притисок, со оглед на нејзините ставови во рамките на ЕУ. За време на своето претседателство, Белгија успеа да обезбеди консензус за нова финансиска поддршка, главно преку користење на профиттњ од замрзнатите средства од руската Централна банка. Исто така, оваа недела започнаа преговорите за членство со Украина. Дополнително, 13-тиот и 14-тиот пакет санкции против Русија, исто така, беа усвоени во понеделникот, со што првпат се таргетира рускиот сектор за течен природен гас (ЛНГ) кој заработува повеќе милијарди долари.

 Унгарија сака „Да ја направи Европа повторно голема“

Владата на Унгарија предводена од Виктор Орбан го презема ротирачкото претседавање со Советот на ЕУ со контроверзниот слоган „Да ја направиме Европа повторно голема“, што е копија на слоганот на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, за време на изборите во 2016 година.

 - Европа се соочува со исклучителна ситуација, проблеми како што се војната во соседството или миграцијата, рече унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока кој вети дека неговата земја ќе дејствува како „чесен посредник“.

 Истото го потенцира и постојаниот претставник на Унгарија во ЕУ, Балинт Одор, додека ги презентираше приоритетите од претседавањето пред европски новинари. - Ова претседателство ќе биде како никое друго. Ќе бидеме чесни посредници и ќе се обидеме искрено да соработуваме со земјите членки на ЕУ и институциите, изјави Одор.

 Политичарите од ЕУ, кои веќе се навикнати на блокадите од Будимпешта, се свесни во врска со заканата дека Унгарија може да го загрози системот на ЕУ и велат дека се подготвени да се справат со тврдоглавата Будимпешта доколку биде потребно. Земјата го презема претседавањето веднаш по изворите во Европа, во период од шест месеци коа треба да бидат конституирани новиот Европски парламент и новите извршни институции.

 Дипломати велат дека претседавањето овозможува одредена моќ, но ако другите земји сакаат да дискутираат на одредени прашања тие можат да го заобиколат претседателството и да гласаат. - Дури и ако тоа не му се допаѓа на претседателството, одреено прашање може да се стави на дневен ред, вели постар дипломат, додавајќи дека „не и се плаши на Унгарија“.

Седум приоритети за наредните шест месеци

Унгарија постави седум приоритети за претседавањето: подобрување на конкурентноста, заедничката одбрана и одбраната на надворешните граници, унапредувањето на политиката на проширување и кохезиски политики, земјоделството и решавање на демографските проблеми.

 Покрај тоа, земјата очекува напредок во отсранување на Шенген копнените гранични контроли за Бугарија и Романија и борбата против антисемитизам. Исто така, сака и да промовира дискусии на теми поврзани со високото образование и заштитата на културното наследство.

 Една од главните теми исто така ќе е проширувањето на ЕУ, со поглед кон Западниот Балкан, наместо Украина. - Кога станува збор за Западниот Балкан, би сакале да видиме што поголем напредок. Наша цел е да отвориме и затвориме што повеќе преговарачки кластери. Мораме да го забрзаме овој процес, изјави Одор во разговор со дописници од Брисел.

 Унгарското претседателство сака да организира самит во регионот меѓу ЕУ и земјите од Западниот Балкан - Србија, Косово, Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Сите земји имаат статус на кандидати за членство, освен Косово и покрај тоа што има поднесено барање за тоа.

Во моментов, ЕУ започна преговори за пристапување со Србија, Албанија, Северна Македонија и Црна Гора. Во март 2024 година, блокот условно се согласи да започне формални преговори за пристапување во ЕУ и со Босна и Херцеговина.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто нагласи дека целта на Унгарија за време на првата половина од нејзиното претседателство е да почне преговори со Босна и да ги одржи првите меѓувладини конференции со земјата.

 Тој додаде дека некои земји членки на ЕУ само јавно во Европскиот парламент го поддржуваат проширувањето, а зборуваат друго зад затворени врати. Зароа тој побара сите унгарски дипломати активно да лобираат за отворање на преговорите за членство со Босна.

 Се очекува забавување на напредокот на Украина кон членство

Европските политичари и дипломати се загрижени дека унгарското претседателство во наредните шест месеци може да влијае на намалување на поддршката што ЕУ ѝ ја нуди на Украина, која е во војна со Русија откако беше нападната од војската на Владимир Путин.

 Одор изјави дека Унгарија нема да ги промовира преговорите за пристапување на Украина и Молдавија. Будимпешта, најблискиот сојузник на Русија во блокот, повеќепати ги блокираше санкциите против Москва поради војната. Последните неколку години ја блокира исплатата на средства од ЕУ-фондови за помош на Украина.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан